ИМОТНО ОСИГУРУВАЊЕ

Имотно осигурување


Со овој тип на осигурување се осигуруваат градежните објекти како и опремата/покуќнината која е потребна за обавување на Вашата дејност или живеење
Сите ја знаеме изреката дека нема ништо поважно од нашето здравје, до остварување на оваа изрека наједноставниот пат е преку склучување на полиса за доброволно приватно здравствено осигурување. Ова осигурување нуди осигурителна заштита на Вашето здравје без разлика дали се работи за нарушување на истото од страна на болест или несреќен случај. Доброволното здравствено приватно осигурување е Вашиот партнер во најчувствителните моменти, односно истото ги покрива трошоците за лекување во моментот кога тоа Ви е најпотребно. 

Ова осигурување нуди осигурителна заштита на градежните објекти и опрема/покуќнина од штети настанати од земјотрес.

Овој тип на осигурување всушност претставува пакет на осигурување со кој се постигнува посеопфатна заштита на вашиот дом. Истото покрај пожарните ризици е дополнето и со осигурување на покуќнината од провална кражба и разбојништво, а може да биде надополнето и со осигурување од одговорност кон трети лица.

Покрај погоре наведените имотни осигурувања, Вашиот имот може да биде осигурен и од еден од следниве ризици: машини од кршење, провална кражба и разбојништво, осигурување на електронски сметачи процесори и слична опрема, осигурување на објекти во монтажа, осигурување на објекти во градба и други видови на покритија.

Нашите услуги

За сите погоре наведени осигурувања Осигурително – брокерското друштво Седа – Брокер АД Скопје за Вас го изнаоѓа најдоброто решение, а воедно и Ви помага (посредува) во делот на реализирање на оштетно побарување.