ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

Осигурување од одговорност


Овој тип на осигурување претставува осигурување на Вашата Законската одговорност за штета која може да му ја причините на трето лице со Вашата дејност/активност, професија или слично.
Осигурувањето од општа одговорност ги покрива штетите кои Вие можете да ги предизвикате на трети лица со дејноста која ја обавувате, од поседување на ствари, од правен однос или од одредено својство како извор на опасност што е наведено во полисата за осигурување.

Со ова осигурување се покриваат штетите кои Вие можете ги предизвикате на трети лица а како последица на стручна грешка која ќе ја направите во делокругот на Вашата регистрирана дејност.

Нашите услуги

За сите погоре наведени осигурувања Осигурително – брокерското друштво Седа – Брокер АД Скопје за Вас го изнаоѓа најдоброто решение, а воедно и Ви помага (посредува) во делот на реализирање на оштетно побарување.