Со карго осигурувањето се осигурува товарот за време на превоз од оштетување или загуба. Овој тип на осигурување покрива штети од последица на надворешни и неочекувани ризици за време на превозот. Со истото може да бидат опфатени штети и при попатно вскладиштување на товарот како и при манипулација (претовар, растовар и сл.) на истиот при транспортот. Полисата за транспортно осигурување најчесто е со важност до растоварање на товарот на крајната дестинација.
Овој тип на осигурување влегува во делот на осигурување од одговорност, но поради неговата тесна поврзаност со транспортот истиот е претставен во овој дел. Со ова осигурување се покриваат штети кои може да настанат како одговорност на превозникот, а за време на превоз на товарот. Имено, со ова осигурување се осигурува одговорноста на превозникот за време на превоз на пратката која е уредена со домашното законодавство и меѓународни конвенции. Имајки во предвид дека должност на превозникот е да го превземе и пренесе товарот до крајната дестинација во состојба како што го примил со ова осигурување се плаќаат само штети што ќе настанат како последица на одговорност на превозникот, а не сите штети што можат да настанат при транспортот.