Согласно Законот за супервизија на осигурување обврските (делокругот) на работа на Друштвото се:
Обврски на осигурителен брокер
Член 140
(1) Осигурителниот брокер е должен да ги штити интересите на осигурениците, што вклучува давање појаснувања и совети на осигурениците за сите околности релевантни за нивното одлучување во однос на склучување на договори за осигурување за одделни класи на осигурување или по однос на одделни друштва за осигурување.
(2) За исполнување на обврската од ставот 1 на овој член, осигурителниот брокер е особено должен да:
1) изготви адекватна анализа на ризикот и предложи соодветно осигурително покритие за осигуреникот;
2) посредува во име на осигуреникот за склучување на договор за осигурување, кој земајќи ги предвид сите околности од значење за ризикот на поединечен случај, ќе му обезбеди на осигуреникот најсоодветно покритие;
3) го информира друштвото за осигурување за намерата на осигуреникот да склучи договор за осигурување и го запознава осигуреникот со условите на полисите и прописите кои го регулираат определувањето на износот на премија;
4) ја проверува содржината на полисите за осигурување и
5) укажува помош на осигуреникот во текот на важење на договорот за осигурување, како пред, така и по настанување на осигурениот настан, а особено да обезбеди дека осигуреникот ги извршил правните дејствија во предвидените рокови, а кои се предуслов за стекнување и уживање на правата кои произлегуваат од договорот за осигурување.
(3) Осигурителниот брокер доколку посредува во реализација на отштетните побарувања е должен да соработува со надлежните лица служби на клиентот, за подготовка на доказна документација за основата и висината на отштетното побарување, како и да прибира други потребни докази.
Со својата досегашна успешна работа Друшвото покажа дека во целост и на најдобар можен начин ги врши своите обврски за што може да посведоши и бројот на задоволни клиенти.